Android Jelly Bean конечно го надмина Gingerbread

Google ги објави најновите статистики за застапеноста на Android кои откриваат дека најновиот Android 4.1 Jelly Bean, со 37,9 отсто, конечно стана и најкористената верзија.

Jelly Bean го надмина застарениот Android 2.3 Gingerbread, кој сè уште држи 34,1 отсто. Но, иако овaa верзија од 2011-та година се наоѓа на огромен број на постари модели на телефони кои не можат да се надоградат, сепак се покажува тренд дека се повеќе корисници се префрлуваат, односно ги заменуваат телефоните за понови кои работат на 4.0+ верзиите. Jelly Bean (4.1) и Ice Cream Sandwich (4.0) се на 61,2 отсто од телефоните.

Но, точната бројка на дистрибуцијата на верзиите меѓу 900-те милиони активирани Android телефони останува подзадскриена, бидејќи овие нови статистики од април 2013 година се соберени само според податоци од корисници кои го посетиле Google Play Store. Претходните статистики ги вклучуваа сите уреди кои се поврзани со серверите на Google. Според Google, овие статистики се подобри бидејќи се за корисниците кои се најактивни со Android екосистемот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии