Android/ iOS игра на денот: Lifty!

Lifty! e игра која се заснова на концептот со спроведување личности или предмети од една до друга точка.

Овој, одамна познат концепт е дополнително искомплициран со временски ограничувања и најразлични модификатори. Нека не ве лаже симпатичната графика која како да произлегла од вашите омилени цртани филмови. Lifty! е игра која често ќе знае како да го предизвика вашето логичко размислување, до степен да ризикува изливи на фрустрираност од помалку трпеливите играчи.

Во спроведувањето на шареноликите човечиња, мора да внимавате на тоа кој лифт колкава тежина може да издржи, како и на брзината на движењето и ред други фактори. Иако времето немилосрдно тече, на располагање имате и бројни бонуси кои додаваат екстра секунди, го забрзуваат лифтот, или ја менуваат бојата на платформите.

Откако ќе завршите со кампањата, на располагање имате и бесконечен мод . Со паричките кои ги собирате по завршување услов од одредена етапа, ќе можете да ги надградувате лифтовите и да ги правите поголеми и побрзи, нешто што ќе ви биде исклучително корисно во доцните стадиуми на играта.

Проверете ја Lifty! и преку iOS!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии