Android Ice Cream Sandwich напредува, сега е на 10 отсто од телефоните

Само пред недела дена Google оптимистички ја најави новата верзија на својот мобилен оперативен систем. Android 4.1 Jellybean со сите свои новини е потготвен да го освои светот. Но, дали светот е потготвен за него?

По осум и пол месеци откако беше претставан Ice Cream Sandwich, оваа верзија за прв пат е инсталирана на само 10 отсто од над 400-то милиони Android телефони, што е пораст од 7,1 отсто од минатиот месец. Податоците од Android Developers ни откриваат дека скоро 64 отсто од телефоните сè уште се на 2.3 Gingerbread верзијата. Податоците ги вклучуваат телефоните кои пристапиле до Google Play во последните две недели, но не и тие од производители со сопствени продавници.

Проблемот за Google е што на производителите им треба време да ја приспособат новата верзија за сите свои различни уреди. Голем дел од телефоните не се доволно добри да ги поддржат најновите верзии, па често производителите го одложуваат надградувањето со цел да го задржат корисничкото искуство.

Решението на Google за оваа фрагментација е да им им понуди PDK алатки на производителите два месеци пред најновата верзија да биде објавена. Идејата е да се подготват да можат да ја имлементираат со свои надоградби.

1 коментар на “Android Ice Cream Sandwich напредува, сега е на 10 отсто од телефоните

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии