Android е сè уште отворена платформа, вели Google

Ваквата перцепција за Android се појави откако Google се реши да не го објави кодот на Honeycomb верзијата на Android за таблет компјутери, правејќи го кодот недостапен за индивидуалните инженери, иако пред месец дена беше објавен новиот Motorola Xoom таблет кој веќе работи на Honeycomb.

„Ќе продолжиме да го ослободуваме изворниот код кога ќе е спремен. Додека пишувам Android тимот сè уште работи на новиот Honeycomb опциите за телефоните. Кога тоа ќе биде готово ќе го објавиме кодот. Привременото одлагање не претставува промена во стратегијата. Android e oтворена платформа за многу уреди.“, вели г. Рубин.

Тој додава и дека произведувачите на уредите остануваат слободно да го модифицираат Android според нивните потреби, и покрај извештаите дека на производителите ќе им треба „првично одобрување“ од Google.

„Ако некој сака да продава уред како Android-компатибилен или да вклучи Google апликации во уредот, ние бараме уредот да одговара со некои основно потреби за компатибилност. Нашата ‘анто-фрагментациска’ програма беше стартува уште од Android 1.0 и останува приоритет да овозможиме добро искуство на корисниците и консистентна платформа за програмерите… Нашиот пристап останува ист: нема блокирање или рестрикции против персонализирање на UI-јата. Нема, ниту ќе има, некој обид да се стандардизира платформата за една единствена мобилна архитектура.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии