Македонските корисници не би се откажале од својот Android (инфографик)

Дури 86 отсто од македонски корисници на паметни телефони со Android не размислуваат да направат промена на платформата, вели Android Македонија повикувајќи се на резултатите од анкетата направена со 512 испитаници. Разбирливо е што Android владее со македонскиот пазар бидејќи има куп разновидни Android уреди за сечиј џеб. Во моментов iOS уредите се премногу скапи за македонските корисници, иако тоа може да се промени со идниот поевтин iPhone, додека Windows Phone која е на евтини и убаво дизајнирани телефони, сепак нема доволно избор на апликации и е релативно нова платформа. За BlackBerry и Symbian, кои едвај опстојуваат, не вреди да се даваат пари додека не сте хардкор фан.

Анкетата открива и дека неверојатни 89 отсто од испитаниците користат мобилен интернет на својот телефон, што не изненадува ако се знае дека дури 70 отсто од испитаниците користат понова 4.0+ верзија, што е над глобалниот просек oд 60 отсто. Ова статистика кажува дека добар дел од испитаниците користат нови и модерни телефони за кои е неопходен интернет за комплетно искуство. Интересно, 34 отсто од испитаниците имаат рутиран телефон, односно „отклучен“ оперативен систем кој може да го менуваат и персонализираат по своја желба, или да ги бришат апликациите кои се инсталирани од производителите.

Најпопуларните брендови на Android телефони се Samsung, 31 отсто, и HTC, 25 отсто. По нив следат Sony Xperia уредите, 18 отсто, и LG, 10 отсто. Но, само 27 отсто од корисници се подготвени да платат за скап телефон, односно за уред кој чини над 20.000+ денари. Во тој опсег се телефони како Samsung Galaxy S3, S4, S4 mini, HTC One и други flag-ship уреди. Повеќето испитаници би одбрале и поевтин телефон до максимално 20.000 денари, а 11 отсто и не повеќе од 5.000 денари.

3 коментари на “Македонските корисници не би се откажале од својот Android (инфографик)

  1. Ако се земе во предвид дека во Македонија телефоните под 10к се на андроид 2.3 (модели постари од 2 години) тоа и не е толку чудно.

    iPhone или WP телефони сигурно не се поефтини

  2. Wow 35% би платиле над 10к. Или примерокот на андроид корисници им е лош или не ни е толку сиромашна државата колку што мене ми се чини

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии