Android е најпопуларен, iOS најпрофитабилен, а Windows Phone е следниот најбаран

Над 6.000 мобилни корисници од 115 различни земји учествуваа во најголемото досега истражување за развивање на апликации за паметни телефони. Според истражувањето, развивачите на iOS апликации месечно од една апликација заработуваат 5.200 долари; Android развивачите заработуваат 4.700 долари, а сѐ повеќе програмери се интересираат за развивање на апликации за Windows Phone.

Најголем број од испитаниците развиваат Android, односно 71 отсто, а 56 отсто развиваат и за iOS. Дури 35 отсто од испитаниците планираат да започнат со развој за Windows Phone. Што се однесува до платформите кои ги користат за развивање, HTML5 е најзастапена со дури 84 отсто, а просечен развивач истовремено работи на 2,9 платформи.

Сепак, иако Windows Phone е интересен за голем број на развивачи, нивната бројка е опадната во однос со претходниот квартал. И сѐ уште изгледа предизвикувачки како Microsoft ќе ја води битката за да се пробие на некое од првите две места на пазарот на паметните телефони. Земајќи го во предвид растот на Windows Phone и Windows 8, нималку не би било изненадувачки доколку платформата се најде на втората позиција.

Извештајот од VisionMobile можете да го погледнете овде.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии