Android Device Menager сега е достапен и на Play Store

Google ja објави и Android верзијата на Android Device Manager кој може да ви помогне да го најдете телефонот доколку сте го изгубиле. Апликацијата беше најавена пред четири месеци, но досега беше достапна единствено како веб услуга.

Апликацијата нуди иста функционалност како и веб аплатката, овој пат на Android платформа. Корисниците можат да го следат својот телефон на мапа, да го активираат ѕвонењето или да ја избришат неговата содржина. Ваква апликација на телефон нема кој знае каква корисност ако тој телефон ви е изгубен, бидејќи ќе треба да ја користите веб верзијата да го лоцирате или да ги избришете податоците ако се сомневате на кражба. Но, таа има корист само ако имате неколку Android уреди, па преку нив го најдете тој уред што ви недостасува, вели TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии