Android апликацијата „Наполни си“ доби Pro верзија за Ice Cream Sandwich

Pro верзијата има целосен редизајн според дизајн препораките на Google, вели Иван Димовски, креатор на Наполни си.

За бесплатната Android апликацијата пишувавме претходно. Таа служи за лоцирање на сите бензиски пумпи блиски до локацијата на возачот. Содржи и опција за статистика и калкулирање на колку бензин е наполнето.

Новата Pro верзија ќе биде и основната верзија. Иван вели дека претходната нема веќе да биде надоградувана, туку ќе се фокусира на Pro верзијата која е наменета за Ice Cream Sandwich и има неколку новитети.

Има целосно имплементиран Action Bar (елиминирање на потребата од хардверски копчиња) и Fragments како надополнување на постоечките Activities (новини внесени со Honeycomb 3.0).

Други новини се:

  • Можност за создавање на повеќе профили
  • Експорт/Импорт на податоци од SD
  • 40 нови бензиски во локалната база (вкупно 175)
  • Попрецизна статистика
  • Приказ на цените на горивото за поголемите бензински станици (преку веб сервис)
  • Различна поставеност на елементите во Portrait/Landscape ориентација
  • Значително зголемување на брзината и перформансите

„Во иднина планирам, да внесам можност за бирање на јазик, пример англиски, како и имплементација на идните препораки на корисниците за кои се надевам ќе се зголемат откако HTC, Samsung и други ќе објават официјална надоградба на Ice Cream Sandwich.”, вели Иван.

Наполни си Pro може да ја симнете од Android Market.

2 коментари на “Android апликацијата „Наполни си“ доби Pro верзија за Ice Cream Sandwich

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии