Аndroid апликациите ќе можат да работат на други телефони

Myriad минатата година објави софтвер Dalvik Turbo кој овозможува Android апликациите да работат до три пати побрзо, воедно подобрувајќи ја истрајноста на батеријата на Android телефоните. Најновата верзија на овој софтвер ја користи истата технологија и ќе биде достапен за Meego платформата подоцна оваа година, како и за други платформи.

Ако се прашувате како ќе биде возможно апликациите за Аndroid да работат на други телефони, одговорот е мобилна виртуелизација. Мобилна виртуелизација е виртуелна поделба на уредот на две партиции каде можат да се извршуваат две сосема независни апликации. Како што на еден компјутер можеме да инсталираме два оперативни системи кои нема да си прават никакви проблеми еден на друг и ќе бидат сосема независни.

Nokia, Meego и Android

Ова се поволни новости за Nokia која има во план да претстави мобилни уреди кои ќе работат на Meego платформата. Kорисниците на Nokia ќе можат да ги користат апликациите кои се спремни за Meego и можат да се набават од Ovi Store продавнцицата, кој не изобилува со бројни апликации, има над 25.000 апликации, што е далеку зад 200.000 апликации за Аndroid.

Ова е видео каде тоа е демонстрирано на Nokia N900 која работи на Maemo, софтвер кој му доаѓа како претходник на Meego:

1 коментар на “Аndroid апликациите ќе можат да работат на други телефони

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии