Android 7.0 е речиси готов, објавена е финалната preview верзија

Google ја издаде финалната preview верзија на Android 7.0 Nougat, пред оперативниот систем и официјално да биде достапен, и да започне надградбата. Засега нема премногу новитети кои се однесуваат на секојдневните корисници, а најголемиот дел од промените се однесуваат на развивачите на апликации, вели The Next Web.
Оваа верзија е наменете пред сѐ за развивачите на апликации, да ги тестираат свои апликации како ќе функционираат на новата верзија и да ги проверат новините. Надградени се неколку функционалности: емулаторот за тестирање на апликации, системски слики за Nexus уреди, финалните API за Nougat, отстранети се познати багови и оперативниот систем е оптимизиран. Најверојатно нема да има премногу промени помеѓу оваа и официјалната верзија, затоа поправањето на баговите на оваа верзија ќе обезбеди побезбедна и побезболна транзиција на новиот оперативен систем.

Учесниците во бета програмата најверојатно веќе добиле известување за надградба, а можна е и надградба со „System Image“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии