Android 4.3 има скриен менаџер за поединечни апликации и контрола на пермисиите

Android 4.3 има скриена функционалност со која може да се контролираат поединечни апликации и нивните пермисии. Според Android Police, Google го крие App Ops менаџерот бидејќи сè уште не е готов, иако работи солидно.

Преку овој менаџер за апликации, корисниците ќе можат да ги ограничуваат пермисиите преку четири табови: location, personal, messaging и device. Некои пермисии ќе се појават во App Ops само кога апликацијата ќе ги искористи. Ова, вели Android Police, е проблем бидејќи ќе мора да ги најдете сите пермисии на апликацијата пред да може да ги менаџирате и изгасите.

Интересно, иако App Ops e скриена функционалност, некој од програмерите се досетил да направи апликација која ќе го стартува менаџерот. Апликацијата е закачена на Google Play и, секако, достапна е само за Android 4.3.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии