Android 4.1 Jellybean доаѓа со подобро гласовно пребарување и Google Now

Google на I/О конечно ги откри деталите за својата нова Android верзија со име JellyBean која ќе се појави од средина на јули на одредени телефони меѓу кои и Galaxy Nexus. Алатките за развивање на апликации се достапни уште од денес.

Новина во новиот мобилен ОС е што уредот и апликациите работат побрзо со подобри анимации благодарение на „Project Butter”, графичко подобрување која ги кажува фрејмрејтот на 60 FPS со vertical sync за подобро корисничко искуство.

Гласовните опции на Google сега се подобрени, дури и пребарувањето со глас ви враќа гласовен одговор кој се извлекува од Knowledge Graph-от. Покрај „точните одговори“ Google ќе ги листа и сите резултати од пребарувањето. Android JellyBean има и нова опција Google Now која ги персонализира информациите во реално време според корисничките навики и интереси.

[youtube]pPqliPzHYyc[/youtube]

Нотификациите сега се подинамични, тастатурата е потточна и може да го предвиди следниот збор, и има подобри опции за гласовно куцање, но само за англискиот јазик. Подобрена и апликацијата за камера која може побрзо да слика, и фотографиите полесно се прелистуваат, едитираат, бришат и враќаат.

Android Beam сега е подобрен со NFC поддршка за полесно префрлување на видео меѓу два Android уреди одалечени само неколку сантиметри.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии