Анализирање на Facebook фан страници со People Talking About

Друштвената мрежа продолжува со освежувањето и подобрувањето на платформата, па така на  конференцијата Advertising Week ја претстави надградената алатка за аналитика на Facebook страниците. Алатката сега е збогатена со нови дополнителни метрики кои ќе им се допаднат на администраторите на страници.

Најверојатно најважната метрика од понудените е метриката People Talking About која ќе им овозможи на администраторите да дознаат колку и дали се спомнуваат страниците кои тие ги водат. Во оваа метрика e вклучeн вкупниот број на „лајкувања“ на страницата, постирања на страницата, лајкање, коментирање или споделување на некој од содржините на страницата, одговарање на креирани настани и прашања, спомнувања и тагнувања на страницата, како и чекирања. Интересно за оваа метрика е тоа што резултатите ги дава во бројка наместо во процент, како што е случајот со другите метрики.

People Talking About ќе биде јавно достапна и ќе се наоѓа веднаш под бројот на „лајкови“ кои ги има една страница.

Покрај оваа метрика, алатката за анализирање на страници е збогатена со уште неколку нови опции, како што се Friends of Fans, Weekly Total Reach, и Likes. Метриката Friends of Fans им овозможува на администраторите да видат колку пријатели имаат корисниците кои веќе ја имаат „лајкнато“ нивната страница. Weekly Total Reach ќе овозможува да се дознае колку всушност корисници биле изложени на страницата, без разлика дали е споделена содржина или пак платена реклама.

Иако „лајковите“ сè уште имаат важна улога за тоа колку една страница е популарна, новите метрики имаат за цел да покажат дека во иднина успешноста на брендовите во голем дел ќе зависи и од комуникацијата со своите фанови, како и од нивните реакции за содржината која страниците ја креираат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии