Најмногу регистрирани домени се терцијарни домени под секундарниот .com.mk домен (10.531) со учество од 59,6 %, потоа .mk (4.918) со 27,8 % од вкупниот број на регистрирани домени. Бројот на регистрирани терцијарни домени под секундарниот .org.mk домен изнесува 1.293 што претставува 7,32 % од вкупниот број регистрирани домени во МАРНет до 1.12.2010 година. Нема ниту еден регистриран .inf.mk домен.

Граѓанските организации во Македонија во почетокот срамежливо, а потоа и посериозно ги препознаваа можностите на Интернетот. Креирањето веб-сајтови им ја зголемува видливоста кај нивните целни групи, но и кај општата јавност. Им овозможува да ги промовираат своите резултати, да ги споделат своите искуства и да соберат туѓи, релевантни искуства за нивната работа.

Во Македонија според расположливите информации, постојат околу 9.000 граѓански организации, околу 20 политички партии, околу 30 дипломатски и конзуларни претставништва во РМ, 20-тина верски заедници и 10-тина синдикати.

Застапеноста на доменот .оrg.mk во вкупниот број регистрирани веб-сајтови во Македонија, процентуално го следи глобалниот тренд. Така, на глобално ниво (заклучно со 1 декември 2010 година), 9.110.519 или 7.23% од домените се под врвниот домен .org (извор: http://www.dailychanges.com), а во Македонија има 1.293 или 7.3% .org.mk домени. Со ова в предвид, од бројот од 1.293 регистрирани .org.mk домени, може да заклучиме дека за свое интернет присуство се погрижиле околу 14% од 9.080-те потенцијални регистранти.

… целото истражување може да се најде тука во .pdf или подолу.

Анализа на терцијарни поддомени во секундарниот поддомен ‘org.mk’

1 коментар на “Анализа на org.mk домени

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии