Анализа на ИНЕРКОМ: Колку ќе ве чини роамингот од вашата омилена летна дестинација

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Таман во периодот кога најмногу се патува, лето и летни одмори, Институтот за развој на електронски комуникација (ИНРЕКОМ) ја претстави својата анализа на понудата на цените за роаминг. Добра вест е дека и  земјите од Европската Унија и државите од регионот работат на укинување на роамингот. Засега станува збор за два одделни процеси, и земјите од регионот нема да ги имаат поволностите кога ќе патуваат во Европските држави. Добра вест е дека Европа најави дека ќе го спишти роамингот и за сите држави од регионот за неколку години, штом и целиот регион заврши со укинувањето на роамингот.

Моменталната цена на роамингот во државите членки на Европската Унија е 7,7 евра за 1 GB, до 2022 треба да падне на 2,5 евра. Во регионот роамингот ќе биде целосно укинат 2021. Државите за кои ќе важи ова се Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Македонија има договори за намалување на роаминг и негово укинување и со Бугарија и Грција. Во моментов, минута разговор кога македонците зборуваат во Бугарија изнесува од 76 до 150 денари, а во Грција малопродажната цена за MB (мегабајт) податоци од 1 јули ќе изнесува 0,70 евра, следната година цената ќе биде 0,45 евра, а од јули 2021 година 0,20 евра. Појдовен повик од 1-ви јули ќе чини 0, 29 евра по минута, во јули следната година да се намали на 0, 24 евра, а во јули 2021 година 0,19 евра.

Анализата на Институтот за развој на електронски комуникација опфаќа многу повеќе региони, и ако ве интересираат може да ги погледнете на нивната страница. Ние ќе ги разгледуваме единствено неколкуте омилени туристички дестинации на македонските граѓани. Секако за дел од овие региони македонските оператори имаат и специјални пакети или се дел од меѓудржавни договори. Конечно ако ви треба повеќе интернет сообраќај, веројатно најпаметно решение е ако можете да купите локален број со податочен пакет.

Македонски Телеком

Корисниците на услугите на Телеком имаат посебни пакети за услуги за неколку држави од регионот. Пакетот Travel&Surf вклучува 2GB 4G интернет во Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Хрватска, Црна Гора и Србија. Пакетот чини 700 денари и може да се користи 30 дена. Овој пакет е достапен и за други 40 држави и со помеѓу 100MB и 1GB вклучен сообраќај, а цените со од 200 до 1000 денари.

Турција

Оператор Земја: Турција
Turkcell 89 ден/мин 16,90 ден/SMS 180 ден/MB
Turk Telekom 89 ден/мин 16,90 ден/SMS 180 ден/MB
Vodafone 89 ден/мин 16,90 ден/SMS 980 ден/MB

Грција

Оператор Земја: Грција
Cosmote 79 ден/мин 16,90 ден/SMS 120 ден/MB
Wind Hellas 89 ден/мин 16,90 ден/SMS 180 ден/MB
Vodafone 89 ден/мин 16,90 ден/SMS 980 ден/MB

Бугарија

Оператор Земја: Бугарија
Telenor 79 ден/мин 16,90 ден/SMS 120 ден/MB
Vivacom 89 ден/мин 16,90 ден/SMS 180 ден/MB
A1Telekom Bulgaria 89 ден/мин 16,90 ден/SMS 980 ден/MB

Хрватска

Оператор Земја: Хрватска
Hrvatski Telekom 79 ден/мин 16,90 ден/SMS 120 ден/MB
Tele2 89 ден/мин 16,90 ден/SMS 180 ден/MB
A1 89 ден/мин 16,90 ден/SMS 780 ден/MB

one.Vip

one.Vip на своите корисници им овозможува роаминг преку 2 пакети. Првиот пакет се европските држави без Русија, а во вториот пакет се сите држави од остатокот на светот. Во секоја од државите Vip има таканаречен златен партнер кој нуди значително поевтини пакети од останатите. На пример во Турција овој оператор е Vodafone, другите оператори се значително поскапи. Цените за интернет во пакетите на one.Vip се ден/100KB, а не ден/MB.

Дополнително операторот како и телеком има и неколку пакети со кои се ограничуваат трошоците на корисниците. Vip Roam Surf доаѓа со 500 MB или 2 GБ интернет, и чини 250, односно 500 денари. Само за разговори нудат пакет Vip Roam Talk S со 50 минути разговор за 590 денари и М пакет со 120 минути за 1200 денари. Конечно комбинација од двата пакети и додаток од пораки Vip Roam All. Roam All S со 10 минути, 10 SMS пораки и 10MB мобилен интернет за 390 денари, Roam All M со 30 минути, 30 пораки и 30MB за 690 денари и Vip Roam All L со вклучени 60 минути, 60 SMS пораки и 60MB мобилен интернет во роаминг за 1.490 денари.

Турција

Оператор Земја: Турција
Vodafone 79 ден/мин 19 ден/SMS 39 ден/100KB
Turk Telekom 109 ден/мин 19 ден/SMS 59 ден/100KB
Turkcell 109 ден/мин 19 ден/SMS 59 ден/100KB

Грција

Оператор Земја: Грција
Vodafone 79 ден/мин 29 ден/SMS 39 ден/100KB
Wind Hellas 109 ден/мин 29 ден/SMS 59 ден/100KB
Vodafone 109 ден/мин 29 ден/SMS 59 ден/100KB

Бугарија

Оператор Земја: Бугарија
A1 Telekom Bulgaria 79 ден/мин 19 ден/SMS 39 ден/100KB
Telenor 109 ден/мин 19 ден/SMS 59 ден/100KB

Хрватска

Оператор Земја: Хрватска
A1 76 ден/мин 12 ден/SMS 39 ден/100KB
Hrvatski Telekom 109 ден/мин 19 ден/SMS 59 ден/100KB
Tele2 109 ден/мин 19 ден/SMS 59 ден/100KB

Lycamobile

Lycamobile е првиот виртуелен оператор на листава. Државите во мрежата на Lycamobile  се поделени во две групи во правата се сите освен Турција, САД, Канада и Австралија, а во втората се само овие четири држави. Во  првата група, во која и спаѓаат почесто посетуваните локации цената е 350 денари за минута повик, 56 денари за порака и 59 денари за MB. Кон другите четири држави пакетот е 450 денари за минута разговор, 80 денари за порака и 550 денари за 1MB сообраќај.

Телекабел

Вториот виртуелен оператор има подобар пакет за разговор, но кога интернет е во прашање Lycamobile се чини го има најдобриот пакет. За разлика од нив Телекабел сепак има објавена листа за оператори кои можее да ги користите.

Турција

Оператор Земја: Турција
Turkcell 89 ден/мин 17 ден/SMS 180 ден/MB
Turk Telekom 89 ден/мин 17 ден/SMS 180 ден/MB
Vodafone 149 ден/мин 20 ден/SMS 978 ден/MB

Грција

Оператор Земја: Грција
Cosmote 79 ден/мин 17 ден/SMS 120 ден/MB
Vodafone 89 ден/мин 17 ден/SMS 180 ден/MB
Wind Hellas 149 ден/мин 20 ден/SMS 978 ден/MB

Бугарија

Оператор Земја: Бугарија
Telenor 79 ден/мин 17 ден/SMS 120 ден/MB
Vivacom 89 ден/мин 17 ден/SMS 180 ден/MB
A1 Telekom Bulgaria 149 ден/мин 20 ден/SMS 978 ден/MB

Хрватска

Оператор Земја: Хрватска
Hrvatski Telekom 79 ден/мин 17 ден/SMS 120 ден/100KB
Tele2 89 ден/мин 17 ден/SMS 180 ден/100KB
A1 149 ден/мин 20 ден/SMS 978 ден/100KB

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии