Но како изгледа иранскиот интернет во моментите на гасење? Колку интернет сообраќај поминува низ Иран и како тој сообраќај се блокира? Аrbor Networks, безбедносна компанија која го анализира интернет сообраќајот преку 100 интернет провајдери ширум светот го објави следниот графикон на својот блог.

Вака изгледа интернет сообраќајот пред претседателските избори во Иран и по нив. 13 Јуни, 13:00 е часот кога иранскиот телеком Data Communication Company of Iran (DCI), во сопственост на владата, го изгаси интернетот. Ова е сообраќајот измерен од сите 6 интернет провајдери кои го поврзуваат Иран со останатиот свет.

Во нормални услови DCI носи 5 Gbps сообраќај (капацитет од 12 Gbps) преку шестте регионални и глобални интернет провајдери. По изборите, DCI прави сообраќај под 1 Gbps.

Интересно е што DCI, иранскиот телеком, го филтрира интернетот. Бидејќи Иран го користи интернетот за економски и технолошки врски со останатиот свет, тој сообраќај проаѓа додека другиот, индивидуалниот е блокиран. Во април имаше вест во Washington Times
дека Nokia и Siemens му продале на Иран технологија за мониторинг на комуникациските мрежи. Понова вест за таа технологијата од
Wall Street Journal тука. Слична зделка се случи и во 2008 година кога Cisco Systems продаде технологија за цензура на интернетот на Кина, текст од Wired.

Во вториот блог пост, Крег Лабович, авторот на Arbor блоговите, објаснува дека интернет сообраќајот е доминиран од веб страни со 40-50% од севкупниот интернет сообраќај. Тоа важи и за Иран. Arbor, со податоци од неколку интернет провајдери, открива дека DCI го гаси интернетот на 13 Јуни по изборите и блокира одредени апликации и веб сервиси како е-маил сервисот. Графиконот е за блокираните апликации.

Иако популарните протоколи се блокирани, сепак Иран воопшто не води внимание за други. Г-дин. Лабович вели дека гејминг протоколите како xBox Live и World of Warcraft не се блокирани со што, на крајот на својот пост, алудира на користењето на онлајн видео игрите како алатки за комуникација.

„Поведете ги елфовите до замокот на островот Азерот и ќе ги испланираме следните протести против Ахмадинеџад?“ пишува г-дин. Лебович.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии