Amper е 80 јадрен одговор на ARM на Xeon и Epyc

Веќе подолго време кого зборуваме за процесори помалку ги забораваме ARM. Секако главната причина за ова е напредокот на AMD кој со Zen и Zen2 успеа да се приближи на Intel. Ова некако се префли и на повеќе-јадрените процесори наменети за сервери.

Кога ARM се во прашање една од најголемите предности е малата потрошувачка на процесорите. Тоа е случај и со новиот 80-јадрен серверски процесор на Ampere, Altra.

Станува збор за 64-битен процесор, со фокус за работа во фокусот и во крајните податочни центри. При максимално оптоварување Ampere има моќност 210W. Процесорот е побрз и од Epyc на AMD и од 28-јадрениот Xeon на Intel, уверува директорот на Ampere, Рене Џејмс.

„Имаме најмногу јадра на пазарот. Сега сè е во рацете на некои од најголемите снабдувачи на облак индустријата.

Мислам дека луѓето ќе бидат изненадени. Секогаш има нешто што следува следно. Задоволни сме како излезе ова; мислам дека луѓето ќе бидат изненадени“, додава г. Џејмс.

Altra се 7nm процесори со 80 јадра изработени од едно монолитно парче силициум. Процесорот нема можност за виртуелни јадра, па ова значи дека Altra доаѓа со 1 процес по јадро, или максимални 80 процеси. Турбо фреквенција на процесорот е 3.0 Ghz, а нема официјални податоци за работната фреквенција. Процесорот поддржува 8 канали DDR4-3200 по чип или максимални 4TB меморија. Секое јадро доаѓа со 64KB L1 I/D кеш 1MB L2 кеш, и целиот процесор има 32MB L3 кеш меморија.

Повеќе податоци за процесорот без сомневање ќе дознаеме во иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии