Aмериканците повеќе гледаат Netflix отколку YouTube

Netflix оваа година го надмина YouTube според бројот на гледачи во САД, иако останатите видео платформи како Amazon, Hulu и HBO Go не се ниту блиску до овие два сервиси. Дури 51 отсто од интернет корисниците во САД барем еднаш ја користеле Netflix за да гледаат серија или филм, вели анализата на RBC, која ја пренесе Quartz. Netflix во септември имаше 43 милиони претплатници во САД и 26 милиони надвор од САД.

Предноста кај корисниците која ја има YouTube доаѓа што барем засега сервисот е достапен насекаде. Но, за разлика од Netflix, YouTube мора да се потпре на содржина од корисниците која не е баш квалитетна. Затоа и воведе претплата со која ќе промовира популарни канали. Но, Netflix има супериорна содржина. Дел од сериите кои се продуцирани од Netflix се популарни и во регионите каде Netflix не е присутен, пример е House of Cards која е одлично прифатена од македонските гледачи, иако официјално не е достапна во Македонија.

Со оглед на тоа дека уште пред неколку години бројот на „Zero TV“ корисници во САД беше во пораст, популарноста на интернет сервисите не е изненадување. Ако пред десетина години недостаток на содржини можеби беше пречка, бројните сервиси сега овозможуваат целосна замена на телевизијата.

2 коментари на “Aмериканците повеќе гледаат Netflix отколку YouTube

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии