Американско-српскиот стартап Frame за 165 милиони долари е дел од Nutanix

Српскиот стартап Frame сега е дел од американската облак компанија Nuatanix. Со овој договор Frame постави и рекорд по исплатена сума за српска компанија. Договорот ќе биде финализиран на крајот на август, вели основачот и директор на Frame, Никола Божиновиќ.

Frame преку своите алатки овозможува поедноставно префрлање на десктоп апликациите во облакот. Со ова на клиентите им овозможува користење на софтвер од облакот како да го имаат на својот десктоп. Токму можноста за десктоп-како-сервис е главната причина за интересот и купувањето на Frame. Со спојување на двете компании ќе се креира првата мулти-облак десктоп-како-сервис платформа.

За почеток Frame ќе биде достапен на AWS и на Azure, а потоа ќе следат и Nutanix Xi Cloud и Google Cloud.

И по купувањето, канцелариите на Frame во Србија продолжуваат да работат, а ќе има и проширување, јави Netokracija.

„Продолжувам да го водам сè она што и досега го правевме, како заменик претседател и генерален менаџер. Исклучително сум возбуден поради соработката со Дираж, а производот во иднина ќе се нарекува Nutanix Frame, значи ни останува Frame брендот.

Продолжуваме како самостојна единица во Nutanix без никакви промени и прекршување, само со нови ресурси и пристап до глобален пазар“, вели г. Божиновиќ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии