Американско-хрватско-македонскиот стартап Fueloyal дел од првите IoT стартапи во Techstars Њујорк

Американско-хрватско-македонското паметно капаче за гориво, Fueloyal, оди во Њујорк. Стартапот ќе биде дел од првата генерација на „интернет на нештата“- уреди акцелерирани во престижниот Techstars.

Двајца од основачите на компанијата следните три месеци се во Њујорк. Програмата завршува со „Demo Day“ и претставување пред тим од инвеститори.

„Влеговме во Techstars на нивна покана и разговори со главните лица кои ни ја претставија програмата и сите бенефиции од истата. Главна причина зошто сме овде е пазарот во САД. Ние сме американски стартап и таргетираме пазар кој е многу конкурентен. За да успееме на овој пазар потребна ни е локална поддршка во финансии и контакти.“, вели Игор Христов од Fueloyal.

Технологијата која ја развива Fueloyal овозможува да се искорени злоупотребата со кражба на гориво, а на компаниите им овозможува да заштедат илјадници долари. Капачето постојано ја надгледува состојбата со гориво и неговата употреба вo над 1.2 милиони превозници од САД може да им заштеди повеќе од 10 милијарди долари годишно.

Паметното капаче веќе е достапно на пазарот во САД. Во Fueloyal се задоволни од интерестот, а најавуваат и многу нови слични продукти.

„Оние кои се свесни за проблемот го прифаќаат капачето веднаш. Оние кои сметаат дека немаат проблем треба да си направат пресметки, но и за нив имаме приготвено други алатки. Наскоро од Fueloyal ќе излезат многу сродни продукти.“, додава г. Христов.

Fueloyal се надеваат дека ќе ги импресионираат инвеститорите, а дел од Techstars се General Electric, Verizon, Bosch, SAP и PWC. Стартапот претходно беше дел и од IMPACT програмата за акцелерација, а имаше и успешно претставување на Mobile World Congress во Барселона.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии