Aмериканскиот Конгрес ја одобри CISPA, уште една закана за приватноста на интернет корисниците

The Cyber Intelligence Sharing and Protection Act (CISPA) го помина американскиот Конгрес со 268 гласови наспротив 168 проти го гласање кое се случи еден ден порано од претходно најавено.

CISPA е закон кој содржи мерки кои ќе го заштитат САД од сајбер напади, но и кој, според критичарите, е многу општ и нејасен како неговите претходници SOPA и PIPA кои не им се допаднаа, пред се, на големите ИТ компании. Сега CISPA е изработена со поддршка од ИТ гигантите, како Facebook, IBM, Microsoft, AT&T, Oracle, Symantec, Intel и други. Но, CISPA пак не е доволно јасен дали властите и разузнавачките служби ќе имаат моќ да копаат по личните податоци на корисниците без потреба на судски налог. Еден од амандманите кои дозволуваат властите да прават мониторинг на интернет сообраќајот беше одбиен бидејќи беше опишан како „Големи брат на стероиди“.

Electornic Frontier Foundation, организација која се бори за слободата на интернетот, вели дека иако CISPA е означен како мерки против сајбер напад, сепак „им дава на компаниите слобода да ги шпионираат персоналните комуникации и да споделат лични содржини, како имејл, со властите“ сето тоа за потребите на „национална безбедност“.

Сега законот оди пред Сенатот каде ќе биде потешко на законот да пројде. Администрацијата на претседателот Обама е против CISPA. Според Обама, CISPA (H.R. 3523) не гарантира цивилни индивидуални слободи при зачувување на безбедноста на државата. Важно или не, Обама во моментов се наоѓа сред изборна кампања со големи шанси да го добие вториот мандат.

Во секој случај, не е важно дали ќе биде CISPA или некоја друга кратенка. Американските власти се решени да воведат закон кој ќе им даде законска основа за контролирање и справување со сајбер просторот, вклучувајќи ја пиратеријата и сајбер нападите. Такви закони се очекуваат и во ЕУ. Но, тоа што е важно и заради што се води дебатата е како да се направаат овие легислативи да не влијаат врз слободата на информацијата и приватноста на корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии