Американскиот фудбал сега ќе користи Surface таблет компјутери

NFL и Microsoft влегоа во партнерство кои ќе им овозможи на клубовите да користат таблет компјутери за време на натпреварите. Лигата ќе треба да му исплати на Microsoft 400 милиони долари за сепкувната технологијата, меѓу која фановите ќе видат и Surface таблет компјутери. Таблет компјутерите ќе се користат за идентификација на противничките играчи и поставеноста на играчите на теренот. Освен ова тренерите ќе можат да цртаат на таблет компјутерите за да им ги објаснат акциите на своите играчи.

Таблетите се дел од „Sideline viewing system“ кој ќе биде поврзан на затворена бежична мрежа без пристап на Интернет. Во модифицираната верзија на Microsoft Surface нема да имаат можност за видео репродукција, што е лимитирано поради обврските кон телевизиите. Таблет компјутерите се во сопственост на NFL која и ќе се грижи за безбедноста, а помеѓу натпреварите, таблет компјутерите ќе бидат затворени во кутија со температурен сензор. Првите Surface таблети ќе се појават на натпреварот помеѓу New York Giants и Buffalo Bills, јави SFGate.

„Мислиме дека е предност да ја користиме технологијата за да ги подобриме натпреварите на теренот“ вели портпаролот на NFL, Брајан Мекарти.

Клубовите во NFL ќе имаат опција да не ги користат Microsoft Surface таблет компјутерите и наместо нив да си продолжат со стариот метод со фотографии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии