Американскиот федерален суд се скара со FCC околу интенет-неутралноста

Aмериканскиот федералниот суд за жалби донесе одлука со која интернет-неутралноста може да биде доведена во прашање. Според одлуката на судот, отсега Verizon и останатите провајдери нема да мораат да обезбедат иста услуга за сите, пишува Washington Post. Последната одлука на судот вели дека Федералната комисија за комуникации (FCC) има право да го регулира широкопојасниот интернет, но нема право на провајдерите да им наметне правила како ќе го менаџираат сообраќајот во нивната мрежа.

Концептот на интернет-неутралност е принцип дека провајдерите и владите мора да ги третираат целиот интернет сообраќај поденакво, без дискриминација или специјална наплата од корисниците според содржини, страни платформи, апликации, вид на атачмент или мод на комуникација. Истиот принцип се користи со години и за регуларниот транспорт на пример, компанија за превоз на патници може со автобуси слободно да ги пренесува патниците од еден до друг град, но бидејќи користи јавни сообраќајници мора да превезува сите патници, а не само на некои од нив. Цената на услугата исто така може да биде регулирана.

Судот всушност не донесе одлука против интернет-неутралноста, туку ја оспори јурисдикцијата која ја има FCC да ги наметне овие одлуки. Судот одлучи дека интернет провајдерите не се обични „транспортери“ и поради оваа немаат обврска да го пропуштаат недискриминирачки сообраќајот.

Verizon ја поздрави одлуката на судот, велејќи дека FCC не може да имплементира минатовековен закон за проток на стоки за потребите на Интернет и инсистираат дека услугата ќе стане само подобра. Од друга страна подржувачите на интернет неутралност, се речиси убедени дека наскоро корисниците ќе почнат да ги чувствуваат последиците од инертноста на претходниот претседател на FCC, Џулиус Геначауски кој поради политичка инертнос не успеа да ја преточи Интернет неутралноста во обврзувачка легислатива.