Американски компании сепак ќе учествуваат во телата на кои се договараат 5G стандардите со Huawei

Дејан Соколоски

во Свет

САД сепак ќе направи некои отстапки во санкциите кон Кина и Huawei. Американските компании ќе може да соработуваат со најголемиот кинески производител на мрежна инфраструктура и паметни телефони на воспоставување на 5G стандардите пишува Reuters.

Веста доаѓа од неименувани извори, и сега се очекува официјална објава на Федералниот регистар. Сепак Секторот за трговија и останатите надлежни агенции веќе го одобриле договорот. Договорот не значи соработка на компаниите, туку единствено ќе им овозможи на американските компании да бидат присутни во овие тела.

Колку и да изгледа чудно со овој потег американската администрација се обидува да го намали влијанието на Huawei. Откако започнаа санкциите американските компании не смееја да учествуваат во работа на тела со компанија. Ова го искористи Huawei кој го „пополни“ испразнетиот простор и го зголеми своето влијание.

Во првата половина на 2019 администрацијата на САД го додаде Huawei на листата на компании со кои трговијата е забранета. Google, Microsoft, ARM, Intel, Qualcomm и АMD не му испорачуваат делови ниту софтвер. Дополнителен, а и поголем проблем е со поставувањето на 5G инфраструктурата. САД, Австралија и Нов Зеланд ја „бојкотираат“ кинеската компанија за инсталација на нова опрема.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии