Американска комисија истражува дали Microsoft и партнерите поткупувале влади за софтверски договори

Американска федерална комисија отвори истрага за врските меѓу бизнис партнерите на Microsoft и владини службеници од други земји како Кина, Романија, Италија и други, за кои се сомнева дека биле поткупени да прифатат договор за користење на софтвер, пишува Wall Street Journal.

Според претставниците од американското Министерство за правда, истрагата е во прелиминарна фаза и во моментот нема никакви официјални обвинувања врз Microsoft и неговите партнери.

Првичните обвинувања се направени од поранешен претставник на Microsoft во Кина, кој вели дека директори од Microsoft China му наредиле да поткупи кинески службеници во замена на долгорочен договор за користење на софтвер. Тие обвинувања беа предмет на 10 месечна внатрешна истрага на Microsoft во 2010-та година, но истрагата спореведена од надворешна фирма, не откри нерегуларности. Kинескиот претставник, чиј договор со компанијата завршил во 2008 година, беше и на суд против Microsoft заради работничките права.

Покрај обвинувањата за поткуп во Кина, американските власти истражуваат и дали Microsoft имал улога во обвинувања дека претпродавач нудел поткуп за софтверски зделки со Министерството за комуникации на Романија, како и обвинувања за партнери од Италија кои наводно поткупувале консултанти и службеници во замена за софтверски договори со властите.

Microsoft вели дека тие често добиваат наводни обвинувања за вработените и парнерите „како и сите други големи компании кои работат во странство“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии