AMD Radeon RX 480, виртуелна реалност со ограничен буџет

Новата графичка картичка на AMD, Radeon RX 480, и официјално е достапна во продажба, за жал сè уште нема најава за ценaта и достапноста во Македонија, но најголемите портали веќе излегоа со своите „први прегледи“ за картичката. Radeon RX 480 е првата со архитектура Polaris, а доаѓа во два модела: еден со 4GB RAM, достапeн за 200 долари и еден со 8GB RAM, достапeн за 240 долари. Освен количината, RAM-меморијата на графичката картичка со 8GB RAM, е исто така и побрза. За разлика од претходните графички од AMD, оваа е многу потивка, иако од време на време, може да стане прежешка, вели Eurogamer.

„За 200 долари ова е најдобрата графичка картичка која може да ја купите. Побрза е од GTX 970, а најчесто е побрза и од R9 390, оваа графичката е доволно моќна да ги надмине минималните спецификации потребни за виртуелна реалност, и да пролета низ игрите на 1080p резолуција. Графичката е пристојна и на 1440p, иако ќе мора да намалите некоја од опциите“, вели ArsTechnica.

 
Она што беше јасно и претходно е дека RX 480 е графичка картичка за широка публика, не е наменета за најзакоравените гејмери кои мораат да го „исцедат“ секој фрејм од играта. Оваа графичка е наменета за сите кои играат на резолуција од 1920х1080, графичката овозможува и 1440p резолуција, но резултатите се значително полоши. Мислењето на рецензентите е дека со RX 480, AMD не само што ја уби GTX 960, туку и многу поскапата GTX 970. Ако ве интересира повеќе за технологијата зад Radeon RX 480 Tech Report и AnandTech имаат импресивни статии. 

Сепак најважните податоци не се бројките од тестовите туку видеоигрите, нели? Еве неколку бенчмарк тестови од картичката на неколку популарни видеоигри. Ако се мислите зошто нема резолуција над 1080р, едноставно не сфаќаме зошто ако некој има монитор од неколку стотици евра, би сакал да штеди на графичка картичка.

3204858b-74fd-44a8-8515-6ad43d658f79

79f3a8fa-adcf-4d92-bfe9-662c08db5af8

gtavfps

w3avg

1 коментар на “AMD Radeon RX 480, виртуелна реалност со ограничен буџет

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии