AMD ја најавува Radeon Vega Frontier едицијата на графички картички

AMD се подготвува за трка со најмоќните графички картички на Nvidia. Radeon Vega Frontier Edition е „high-end“ графичка картичка која треба да го загрози приматот на GTX 1080, GTX 1080 Ti и Titan Xp. Компанијата ја најави новата серија на својот веб-сајт.

Image: Radeon

За разлика од најголем дел од графичките картички кои излегуваат денес и се подготвени за виртуелната реалност, Frontier е подготвен за вештачката интелигенција. Графичката картичка доаѓа со: 64 пресметковни единици; теоретски 12.5 терафлопи при FP32 и 25 терафлопи при FP16; 16 GB и поддршка за резолуции до 8К.

Веќе е најавена верзија со водено ладење, оваа картичка ќе доаѓа со подобри перформанси, но и поголемо загревање, па дополнителното ладење е неопходност.

Новата Vega серија на графички картички од AMD е наменета за вештачка интелигенција, виртуелна реалност, фотореалистично рендерирање, истражувања и гејминг. Засега нема најава за цената на графичките, но се очекува да бидат достапни од средината на следниот месец.

Неодамна и Nvidia имаше прва презентација на Tesla V100, првата графичка картичка со Volta-архитектура. Графичката доаѓа со 5.120 CUDA јадра, и потенцијал за 7.5 терафлопи при FP64, 15 терафлопи при FP32 и 120 терафлопи при Tensor пресметки. Како и Vega Frontier доаѓа со 16 GB HBM2 меморија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии