AMD ја најави Zen 3 серијата процесори

Дејан Соколоски

во Хардвер

AMD најави нова серија на Zen процесорите, а според најавите Zen 3 ќе биде најдобриот процесор за гејминг.

Компанијата на кус настан во нешто помалку од 30 минути ја претстави серијата Ryzen 5000. Помеѓу процесорите во оваа серија се : 16-јадрениот Ryzen 9 5950X; 12-јадрениот Ryzen 9 5900X; 8-јадрените Ryzen 7 5800X и Ryzen 5 5600X. Цената на процесорите во оваа серија се движи од 800 долари за Ryzen 9 5950X до 300 долари за Ryzen 5 5600X.

Овојпат фокус на AMD не е цената туку перформансите. Компанијата вели дека по подолго време се конкуренти на Intel за гејминг процесорите. Zen и пред оваа серија беа конкурентни кога во прашање беа процеси кои користат повеќе јадра. Сепак перформансите на едно јадро, на пример гејминг, вообичаено беа кај конкуренцијата. Ова сега не е случај, и AMD тврди дека успеал да ја надмине конкуренцијата.

Перформансите на новата Ryzen 5000 серија се подобри 19 отсто во однос на претходната. Фреквенцијата при работа со едно јадро достига до 4,9 GHz. За споредба новиот процесор има 26 отсто подобри перформанси во однос на претходниците. За оваа споредба AMD ги искористи Ryzen9 5900X и Ryzen 3900X.

Она што баш и не е добра вест е дека AMD малку, но сепак ја зголеми цената на своите процесори. Сите процесори оваа генерација се 50 долари поскапи од минатата. Дополнителни за 59xx процесорите повеќе нема бесплатни кулери.

Процесорите започнуваат со продажба од 5 ноември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии