AMD го претстави 32-јадрениот Threadripper 2000

Дејан Соколоски

во Хардвер

Единствениот посериозен конкурент на Intel, AMD од поодамна ја најави втората генерација на Threadripper процесори. Конечно дојде и денот кога компанијата ги претстави и официјалните перформанси, а започнаа и првите прегледи.

За жал, иако компанијата достави материјали до најголемите технички портали нема да има вистински преглед на перформансите. AMD нема да дозволи тестирање и споделување на овие податоци пред процесорот да излезе во продажба. Наместо ова компанијата сподели куп графици и табели од интерните тестови и податоци.

Ако судиме по перформансите и цената која ја прикажа AMD процесорот ќе биде и повеќе од конкурентен. Гордоста на оваа генерација на AMD е новиот 32-јадрен Threadripper 2990WX. Секако ова не е евтин процесор и препорачаната цена е 1 800 долари. Процесорот во себе има 4 12 nm „Zen+“ јадра, кои истовремено можат да извршуваат 64 инструкции (thread).

За сите корисници за кој овој процесор е премногу, а и прескап AMD ќе го понуди 2970WX. Процесорот е 24 јадрен и извршува 48 процеси. Секако и цената е нешто пониска и доаѓа за 1300 долари.

Работната фреквенција и на двата процесори е 3.0 односни, 4.2 GHz турбо.

Threadripper 2 vs Skylake-X
Cores/
Threads
Base/
Turbo
L3 DRAM
1DPC
PCIe Максимална
потрошувачка
Препорачана
цена
Intel i9-7980XE 18/36 2.6/4.4 24.75 4×2666 44 140W 1999$
AMD TR 2990WX 32/64 3.0/4.2 64 MB 4×2933 60 250W 1799$
Intel i9-7960X 16/32 2.8/4.4 22.00 4×2666 44 140W 1699$
Intel i9-7940X 14/28 3.1/4.4 19.25 4×2666 44 140W 1399$
AMD TR 2970WX 24/48 3.0/4.2 64 MB 4×2933 60 250W 1249$
Intel i9-7920X 12/24 2.9/4.4 16.50 4×2666 44 140W 1199$
Intel i9-7900X 10/20 3.3/4.3 13.75 4×2666 44 140W 980$
AMD TR 2950X 16/32 3.5/4.4 32 MB 4×2933 60 180w 899$
AMD TR 2920X 12/24 3.5/4.3 32 MB 4×2933 60 180W 649$
Intel i7-7820X 8/16 3.6/4.3 11 MB 4×2666 28 140W 593$
AMD TR 1900X 8/16 3.8/4.0 16 MB 4×2666 60 180W 549$
AMD R7 2700X 8/16 3.7/4.3 16 MB 2×2933 16 105W 329$
Courtesy of Anandtech

Претпродажбата на новите процесори започнува денес, а испораките започнуваат веќе од 13 август.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии