AMD ги најави Ryzen Mobile, Desktop PRO и втора генерација на Threadrippe

По подолго време има некаква конкуренција на пазарот на процесори. Со Ryzen и Threadripper, AMD го предизвика Intel да извади дел од технологијата која можеби и ја чувал за оваа прилика. Сега компанијата најави нова серија на своите процесори.

Она што е интересно е дека компанијата има ист број продадени процесори на Amazon и Newegg. Сепак иако AMD го освојува пазарот на ентузијасти кои сами си склопуваат компјутери, производителите на готови компјутери сè уште продаваат повеќе Intel процесори.

Можеби поради ова, AMD сега ќе се обиде со процесорите за лаптоп и со Ryzen PRO 7, 5 и 3 да се врати на овој пазар. Сепак најголем недостаток на процесорите беше што немаа интегрирана графичка картичка, па купувачот мораше да купи и дискретна графичка карта, вели Tom’s Hardware. За лаптоп процесорите ова е дополнителен трошок и поважно, често е голем товар на батеријата.

Можностите на APU процесорите со интегрирана графичка се импресивни (секако за процесор без дискретна графичка картичка). Ова ќе овозможи интересни и значително подобри перформанси кај процесите кои се „потешки“ на графичката картичка.

Освен овие процесори AMD претстави и нови процесори за лаптоп компјутери. Ова е дел од пазарот на кој AMD одамна нема позабележително присуство. Сега со Pro 2300U, Pro 2500U и Pro 2700U AMD ќе се обиде да освои дел од пазарот. Ова се соодветните имиња на мобилните верзии на Ryzen 3, Ryzen 5 и Ryzen 7.

Станува збор за четири јадрени процесори со од 4 до 8 „thread“-а. Фреквенцијата на процесорите е: Pro 2300U 2.5 GHz до 3.4 GHz; Pro 2500U од 2 GHz до 3.6 GHz; Pro 2700U од 2.2 GHz до 3.8 GHz.

Веќе се најавени неколку производители кои ќе користат Ryzen U процесор, DEL, HP и Lenovo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии