Amazon започнува со испораки до вашите возила

По сѐ изгледа Amazon нема да дозволи ниту една компанијата да ги предизвика ниту на едно поле. Компанијата започнува со испораки до багажникот на автомобилите.

Доставувачите од Amazon, во соработка со General Motors и Volvo ќе имаат пристап до багажникот. Интересно можноста доаѓа малку подоцна откако Amazon понуди достава во домот. Односно, м0жност доставувачот да влезе во домот и да го остави пакетот кога клиентот не е дома.

Amazon не обелоденил колку паметни брави кои ги пуштаат доставувачите има продадено, но се чини дека се задоволни од интересот.

Отсега дел од корисниците ќе можат своите пакети да ги добијат и во возилото. Локацијата ќе биде пронајдена со GPS и бројот на регистрација, а потоа од GM или Volvo ќе побараат отклучување. Штом багажникот е отклучен, пакетот е оставен и возилото се заклучува, објаснува Verge, кој доби демонстрација на новата услуга.

Услугата за почеток е ограничена на претплатниците на Amazon Prime и тоа во 37 градови во САД.  Секако дополнително ограничување е дека сервисот ќе функционира единствено за возилата на GM и Volvo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии