Amazon започна маркетинг офанзива против Apple со голема реклама на својот сајт

По примерот на Samsung кои ги споредуваа своите телефони со iPhone 5, и Amazon излезе со сличен вид на реклами. Само неколку дена откако беше најавен iPad Mini, Amazon на својата почетната страна објави реклама во која ги спореди уредите на Apple со Kindle Fire HD.

Amazon ја започнa маркетинг офанзивата против Apple со слоганот „Многу повеќе за многу помалку“. Воглавном рекламата се концентрира на цените, Amazon Kindle Fire HD чини 199 долари, додека iPad mini на Apple чини 329 долари. Споредните се и екраните на двата уреди, пример споменато е ека екранот на iPad mini кој не е на нивото на Kindle Fire HD, ниту по резолуцијата, ниту по бројот на пиксели на инч. Поради ова на Kindle Fire HD може да се гледаат HD филмови или телевизија, а на iPad mini поради несоодветниот екран нема да може.

Во споредбата е искористен цитат од Gizmodo кој го критикува екранот на Apple, отворено велејќи дека дисплејот на Apple е многу полош од екраните на конкуренцијата.

Но, иако рекламата на Amazon цели кон тоа што мислат повеќето критичари на Apple, а тоа е цената, сепaк се чини дека Apple победува во продажбата. Белите iPad Mini веќе се распродадени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии