Amazon и WhatsApp можат и подобро кога приватноста на корисниците е во прашање

Корисниците не би требале да имаат премногу доверба во Amazon и WhatsApp, барем кога приватноста е во прашање. Ова се податоците кои ги сподели Electronic Frontier Foundation од истражувањето за 2017 година.

Податоците на корисниците се најбезбедни кај: Adobe, Dropbox, Lyft и Uber кои добија највисока оценка, а интересно и дел од нив се и едни од последните жртви на сајбар напади. Зад нив се гиганти како Microsoft, Google и Apple кои освоија четири „ѕвезди“. WhatsApp и Amazon на ова оценување добија само 2 „ѕвезди“.

Оценките се добиваат во неколку категории:

  • Следење на најдобрите пракси од индустријата.
  • Објавување на податоци за побарувањата на податоци од владите.
  • Ветување за непродавање на корисниците.
  • Проверка на National Security Letter барањата.
  • Спротиставување на следње од Националната агенција за безбедност.

„Разочарани сме што две технолошки компании се волку лоши кај онлајн услугите: Amazon и WhatsApp. Двете компании ја користат прифатената пракса во индустријата. Бараат налог за да достават содржина, ги објавуваат насоките за спроведување на законите и имаат извештај за транспарентност. Иако ги поздравуваме заложбите на двете компании кога надзорот на NSA е во прашање, не ги следат останатите критериуми“, пренесе Guardian.

Дури ниту користењето на најбезбедните сервиси нема да помогне за приватноста. Најлошо на листата стојат провајдерите на интернет услуги кои всушност би требало најдобро да ги чуваат податоците на корисницните. AT&T, Comcast, T-Mobile и Verizon се со најлоши оценки во САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии