Amazon Web Services претстави сопствен ARM процесор

Дејан Соколоски

во Веб, Хардвер

Image courtesy of AWS

Amazon за прв пат претстави сопствен процесор. Компанијата дизајнираше ARM сервер процесор кој ќе овозможи поефикасна работа со глобален товар, вели GeekwireAWS Graviton Processor ќе биде уште еден процесор кој ќе се инсталира во облак сервисите на Amazon. Компанијата засега продолжува да ги користи и процесорите на Intel и AMD.

Amazon EC2 A1 инстанците обезбедуваат значителни заштеди на трошоците и се идеално прилагодени за обемот на работа и работните оптоварувања базирани на ARM, кои се поддржани од екстензивниот ARM екосистем. А1 инстанците се првите EC2 инстанци напојувани од AWS Graviton процесорите, коишто содржат 64-битни Arm Neoverse јадра и сопствени чип дизајниран од AWS, велат од Amazon.

Првиот процесор на компанијата ќе овозможи пониска цена. Според процената на Amazon за некои оптоварувања трошоците ќе се намалат и за 45 отсто. Во овие услуги се вклучени и апликации кои користат опен сорс софтвер како: Apache HTTP Server, Perl, PHP, Ruby, Python, NodeJS и Java.

Graviton процесорите се одлично прилагодени за обемот на работа каде што можете да го делите оптоварувањето низ помали инстанци. Ова вклучува контејнеризирани микрослуги, веб сервери, развојни средини и „caching fleets“, вели Џеф Бар на блогот на Amazon.

Новите инстанци кои ќе бидат опслужувани со овие процесори се EC2 A1. За почеток овие инстанци ќе бидат достапни во 4 центри: US East (Северна Вирџинија), US East (Охајо), US West (Орегон) и Европа (Ирска).

Засега нема повеќе детали за процесорот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии