Amazon Web Services лансира сопствен Twitch канал

Amazon додаде нов едукативен twitch-канал за Amazon Web Services. Ова е прв пат компанијата да ја користи платформата за сопствени потреби.

Засега најавени се неколку програми, помеѓу кои AWS Maker Studio и Live Coding.  Најверојатно претпоставувате дека каналите ќе нудат туторијали и видео лекции кои гледачите можат да ги искористат за да го прошират своето знаење. AWS Maker Studio на пример им овозможува на корисниците да се поврзат и да креираат робот кој ќе биде поврзан во облакот.

Секако ова не е прв пат Twitch да  се користи за онлајн лекции или образование. Ако сепак сметате дека лекциите на Twitch не се за вас; благодарение на Entrepreneur имаме уште неколку локации каде може да научите ит вештини.

  • CodeAcademy – над 24 милиони корисници научиле да програмираат благодарение на CodeAcademy.  Курсевите кои може да го посетутвате тука се: HTML и CSS,  JavaScriptjQueryPHPPython и Ruby.
  • Coursera – На платформата има над 1000 курсеви од 119 институции. Повеќе универзитети имаат онлајн предавање и курсеви тука.
  • EdX – Платформата која ја издградија MIT и Harvard University сега има курсеви од 60 образовни установи. Еден од најпопуларните куресви на edX е Introduction to Computer Science од Harvard University.
  • Udemi – Најверојатно една од најраспротанетите платформи за онлајн курсеви. На Udemi има куп лекции за куп теми, најчесто подобрите се плаќаат, но може да пронајдете и вистински „бисери“ за 10 долари.  Programming for Entrepreneurs – HTML & CSS или Introduction to Python Programming се бесплатни и сосем доволни да се запознаете со основите.
  • GitHub – На GitHub ќе пронајдете куп книги кој ќе ви требаат доколку планирите посериозно да продолжите со програмирање.

Ова секако не се сите платформи на кои можете да следите курсеви за програмирање. Пред неколку години професорот и основач на Time.mk Игор Трајковски сподели сопствена листа за изучување на компјутерски науки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии