Сериите и филмовите на Amazon Video наскоро ќе бидат достапни насекаде. Телевизијата долго време служи како дополнителна мотивација за купувачите да се преплатат на Prime, но промените можеби значат нов бизнис модел.
Засега нема најава за листата на држави во која ќе биде достапна телевизијата. Станува збор за листа од 200 држави, нема причина да не веруваме дека Македонија нема да биде дел од нив. Веста ја најавиja The Grand Tour чии епизоди од декември ќе бидат достапни насекаде.
A message from the guys. pic.twitter.com/p1IJNRjAnS
— The Grand Tour (@thegrandtour) November 16, 2016
Проширувањето на Amazon Video доаѓа една година откако истото го направи Netflix. Двете компании креираат сопствена содржина, па ќе биде интересно кои од оригиналните серии ќе бидат побарани глобално. За разлика од Netflix, Amazon Video, ќе доаѓа за 15 долари годишно колку што е и претплатата на Amazon Prime.
Повеќе детали за цената и достапноста, кога Amazon и официјално ќе ги прeтстави пазарите.