Amazon тестира Kindle Unlimited услуга со пристап до 600.000 книги

Amazon работи на услуга која ќе им овозможи на љубителите на книгата за претплата од 10 долари месечно да имаат пристап до 600.000 книги и илјадници аудио книги. Kindle Unlimited ќе им овозможи на корисниците да преземат колку книги сакаат, меѓу кои се и популарните Lord of the Rings, Hunger Games и Harry Potter. Услугата е надградба на Kindle Prime за читателите кои можеа со оваа услуга да изнајмат само една книга месечно.

Аmazon го тргна сајтот со кој ја најавува услугата, но сè уште може да ја разгледате cache верзијата. Засега најголемите издавачи не се вклучени во услугата, но како и останатите услуги од Amazon, без сомневање е дека и Kindle Unlimited ќе продолжи да се шири набргу по излегувањето.

[youtube]RnVNbYdo2FU[/youtube]