Amazon тестира беспилотни летала за достава на продукти

Замислете го небото покриено со мали беспилотни летала, но тие не работат за војската, ниту шпионираат, туку се поштари кои доставуваат пратки до вашиот дом, само 30 минути откако ќе го нарачате продуктот. Ова е замислата на Amazon, најголемата онлајн продавница во светот, која го претстави својот план да ја револуционира е-трговијата со користење на беспилотни летала (познати како дронови) за достава на продукти во САД.

„Октокоптерите“ на Amazon се способни да достават пакети со тежина од околу 2 килограми за само 30 минути по доставата. Според директорот Џеф Безос, продуктите со таа тежина се околу 86 отсто од сите нарачки на Amazon, и иако ваков проект е футуристички, сепак ќе им треба уште најмалку пет години да го усовршат и да го применуваат.

Но, за Amazon најголем проблем се властите, односно американското воздухопловство кое сè уште не дозволува користење на беспилотни летала за цивилна употреба. Беспилотни дронови се повеќе наоѓаат примени и за цивилите и за бизнисите, иако до сега се издадени 1.400 дозволи за користење на дронови во САД, но само за полицијата и владините агенции. Стравувањето во моментов се дали дроновите можат да ги повредат луѓето на земјата, со испуштање на објектите кои ги носат, со паѓање, а можат и лесно да бидат украдени. Првите дозволи за цивилно користење на беспилотни летала се очекува да бидат издадени во 2015-та година.

[youtube]98BIu9dpwHU[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
todormkd
todormkd
12 years ago

Postarite se najgolemi spiuni na balkanot ,a za ovaa amazon letacka cinija toa ne da e spiun nego ke te gledaat vo zivot sto pravis vo tvojot privaten zivot,hehehe.