Amazon сега продава повеќе е-книги отколку книги

Сепак не… Amazon вели дека дигиталните верзии за Kindle станаа повеќе популарни од стандардните книги со тврди корици. Во последните три месеци издавачот продава 50% повеќе е-книги одошто книги, односно продава по 143 Kindle верзии на секои 100 книги. A во последниов месец односот е 180 е-книги на секои 100 книги со тврди корици.

Oвој раст во продажбата на е-книгите се должи на намалување на цената на Kindle читачот од 260 долари на 190 долари.

„Промената на цената предизвика троен раст во продажбата“, вели Џеф Безос, директорот на Amazon. „Корисниците на Amazon сега купуваат повеќе Kindle книги од книгите со тврди корици – неверојатно ако се земе в предвид дека продаваме книги веќе 15 години, а Kindle книги само 33 месеци.“

Една од предностите на Kindle, кој користи електронско мастило и екран кој рефлектира светлост, е што има безжична интернет конекција па со него може веднаш да се купи нова книга за која ќе добиете и рецензија и оценка од другите читатели.

Kindle e достапен и во Македонија и за овој пазар има околу 170.000 книги.

4 коментари на “Amazon сега продава повеќе е-книги отколку книги

  1. Продава повеќе е-книги отколку книги со тврди корици (како таа на сликата). Тие најчесто се поскапи, па можеби и тоа има дел во ова. Текстот како што е напишан од вас може (и е) да се сфати како повеќе од сите печатени книги.

    Поз

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии