Amazon сака да му конкурира на Apple, но не со продавање на уреди, туку со услуги

Amazon можеби може да си дозволи да ги продава своите таблет компјутери далеку поскапо, но нема намера да ја покачува цената бидејќи идејата е да стане конкурент на Apple, Google и Microsoft, не со продавање на таблет компјутерите, туку со продавање услуга.

„Не сакаме да правиме пари од продавање уреди, туку кога корисниците ги користат нашите уреди.“, вели Џеф Безос, основачот на Amazon.com.

Нивниот KindleFire е само таблет компјутер, но со пристап до 22 милиони производи го прават далеку поконкурентен од другите вакви уреди. Amazon можеби има таблет компјутер, но тој е иднината на понудата на купувачите, објаснува г. Безос во интервју за во интервју за AllThingsD во кое дискутира за бизнис стратегијата на компанијата.

Најдобар пример за предноста помеѓу сопствениците на Kindle (или било кој уред или таблет компјутер) е анкетата која покажува дека  сопствениците на овие уреди купуваат 29 книги, а речиси двојно помалку (15 книги) љубителите на хартија. Иако на прв поглед можеби изгледа дека сите таблет компјутери имаат иста почетна позиција на пазарот на е-книги, сепак токму тука е огромната предност на Amazon. Amazon e продавницата со најголем број дигитални книги (и друга содржина) која им дава огромен прв чекор кај читателите. Ако на ова ги додадете и стаклото на Kindle уредите кое нема рефлексија и кое го прави уредот перфектен за читање, како и Amazon Prime услугата која од понуда за испорака на нарачките во два дена порасна речиси во телевизија, а цената е 79 долари годишно, ќе видиме дека Amazon се помеѓу првите, ако не и први по понудата на е-содржини.

„Минатата година целта на компанијата беше да представи најдобар таблет компјутер за одредена цена, оваа година сакаме да истакнеме дека го имаме најдобриот таблет компјутер за било која цена.“, изјави г.Безос во интервјуто.

Новиот 8.9 инчен 4G LTE Kindle Fire HD ќе чини 499 долари и 50 долари претплата за безжична услуга за стримање на видеа и купување на книги. Комбинацијате е 400 долари поефтина од iPad. Со оглед на тоа дека Apple сепак има 40% профит од секој iPad, можеби ќе се решат да ја намалат цената на својот таблет компјутер, или пак да објават поефтина верзија. Иако поверојатно е дека повторно Apple ентузијатите ќе велат „if it ain’t iPad… it ain’t iPad “.

Годинава сите очекувавме Amazon да направи и паметен телефон, но  г.Безос изјави дека компанијата не планира нови големи најави годинава, но веќе подготвуваат голема најава за следната година. Корисниците на Amazon можеби се подготвени за телефон, но објективно гледано, компанијата барем за сега нема специјални услуги кои би ги понудила ексклузивно за телефони. Најверојатно, ако има вистина во гласините за паметен телефон, годинава Amazon ќе ја помине во додавање на услуги кои би биле корисни за сопствениците на новиот Amazon телефон.

[youtube]VYi1jZXz9Kg[/youtube]