Amazon работи на телефон со 3Д дисплеј

Веќе подолго време се активни шпекулациите дека наскоро трговскиот гигант Amazon ќе излезе со свој паметен телефон. Најновата вест е дека еден од телефоните на кој работи компанијата ќе биде со три-димензионален дисплеј известува Wall Street Journal.

Екранот на телефонот ќе биде изработен така што нема да биде потребно користење на 3Д-очила кои вообичаено се задолжителни за оваа технологија. Технологијата која е применета ќе го следи погледот на корисникот, а сликата која ќе ја прикажува ќе изгледа дека излегува од екранот. Слично како и технологијата која ја поседува новиот Samsung Galaxy S4, корисникот ќе може да ги разгледува содржините и да се „движи“ низ содржината единствено со својот поглед.

Лабораторијата во која Amazon ги развива своите телефони Lab126 е истата која беше посочена за развој на новиот ТВ приемник. Засега е познато дека проектите се под име A,B,C и D или под заедничко име „Alphabet Projects“, иако не е јасно кој проект е која буква, ниту пак дали целосно се точни проектите.

Интересно но 3Д телефон може да биде навистина атрактивна алатка за разгледување на најголемата светска продавница. Засега останува нејасно кој од операторите ќе нуди понуда за интернет, но и каква придобивка би имале корисниците надвор од Северна Америка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии