Amazon ќе се натпреварува со Google AdWords со своја маркетинг платформа

Amazon планира наскоро да започне сериозна битка со Google и Мicrosoft за пазарот на онлајн реклами. Е-продавница работи на маркетинг платформа која ќе ги таргетира милионите купувачи, пишува Wall Street Journal. Amazon сака да ги замени Google AdWords, реклами кои се појавуваат во пребарувањето, со свои реклами дистрибуирани преку Amazon Sponsored Links, како што се нарекува платформата. Amazon е еден од најголемите купувачи на Google Ads, што може да биде сериозен удар за џебот на Google кој прави 50 милијарди долари годишнo од веб реклами.

Освен што ќе прави повеќе пари – Amazon веќе има 1 милијарда долари годишни приходи од маркетинг на своите сајтови – Amazon ќе може да ги учи т.е. следи навиките на своите потрошувачи и да им пласира порелевантни реклами, како што Google пласира реклами базирани на пребарувањето. Пример, ако пребарувате „патики“, ќе ви бидат презентирани реклами од продавници за патики и спортска опрема. Според изворите на WSJ, Amazon има план да таргетира 250 милиони активни корисници, што е огромна и интересна бројка за огласувачите.

Разликата од постоечките реклами на Amazon и новата платформа е што е-продавницата ќе дозволи купување на големо, односно маркетинг агенциите ќе можат да купуваат „за потенцијално илјадници огласувачи“. Со таква платформа, Amazon ќе може полесно да изгради мрежа на бизниси кои ќе пласираат реклами на трети-сајтови, како што Google пласира реклами со AdSense.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии