Аmazon продаваше по 306 продукти секоја секунда за празниците

Со рекордни 26,5 милиони нарачки, годинешниве празници се со рекордна продажба за Amazon ова значи дека секоја секунда биле нарачувани 306 продукти. Kindle Fire HD е најпродаван, најподаруван и најпосакуван артикл од сите производи кои ги продава компанијата. Ова е само мал дел од податоците кои ги објави Amazon, но овој пат на позабавен начин.

Бројот на производи и услуги кој ги нуди Amazon се зголемени во 2012 година. Бројот на книги за позајмување од библиотеката (Amazon Prime) порасна од 75.000 на 250.000. Над 175.000 книги единствено може да се најдат во Amazon, а 23 „Kindle Direct Publisher“ автори продале над 250.000 копии секој. Продавницата сега нуди над 23 милиони филмови, серии и останата ТВ програма, а корисниците на Prime сега можат да гледаат над 145.000 филмови и серии. За Amazon таблет компјутерите сега има над 3 пати повеќе апликации.

  • Kindle Fire HD, Kindle Fire, Kindle Paperwhite и  Kindle се на првите четири  места за продажба. Cyber monday е денот на најголема продажба на Kindle таблет комјутерите.
  • Најподарувана книга е „The Signal and the Noise: Why So Many Predictions Fail-but Some Don’t“ од Нејт Силвер.
  • Доколку ги наредите сите копии од трилогијата „Fifty Shades …“ една врз друга последната книга ќе диде 445 пати повисоко од врвот на „Space Needle
  • Продадените „Bond 50“ копии тежат 800 пати повеќе од Даниел Крег.
  • Со телевизорите продадени преку Amazon може да се покрие секој NFL-терен вo САД.
  • Ако сите учесници на Woodstock ја слушаат музиката продадена на Amazon оваа година, ќе можеле да останат уште три дена.
  • Кога сите кој ја купиле видео играта Just Dance 4 би играле еден час ќе потрошат доволно калории за да согорат половина милион парчиња овошен колач.
  • Сите Angry Birds играчки поставени една врз друга се 285 пати повисоки од највисокото дрво во светот.

А еве и дел од најпродаваните производи на Amazon:

  • Електроника:  Kindle Fire HD 7”, Kindle Fire, и Kindle Fire HD 8.9”
  • Телевизор: VIZIO 60-inch Razor LED Smart HDTV, Panasonic VIERA 55-Inch 3D Plasma TV, и Samsung 32-Inch LED HDTV
  • Видео Игри: Just Dance 4, Call of Duty: Black Ops II и Assassin’s Creed III
  • Книги: “Fifty Shades of Grey” од E.L. James, “Fifty Shades Darker” од E.L. James и “Fifty Shades Freed” од E.L. James
  • Kindle Книги: “The Racketeer” од John Grisham, “Gone Girl: A Novel” од Gillian Flynn и “The Edge of Never” на J.A. Redmerski
  • Музика: “Red” – Taylor Swift; “Merry Christmas, Baby” – Rod Stewart и “Babel” – Mumford & Sons
  • Филмови и ТВ: Dr. Seuss’ The Lorax (DVD), The Dark Knight Rises(Blu-ray/DVD combo) и The Dark KnightTrilogy (Blu-ray)
  • Amazon Appstore: Angry Birds Star Wars Premium HD (за Kindle таблет) и Minecraft – „џебно издание“ и HD Camera (издние за Kindle Tablet)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии