Amazon продава наци-меморабилија

Amazon помага за ширење на нацизмот и притоа си заработува. Компанијата продава производи со наци ознаки, вклучувајќи, слики, облека, накит, реплики на воена опрема и слично.

Дополнително, некои групи продаваат и музика и книги кои ја „величат“ нивната идеологија на омраза.

Amazon не само што им дозволувал на некои бизниси да заработат од продажба на фашистички и нацистички обележја, туку им помагал и на самите групи да се финансираат од продажба. Секако Amazon е огромна платформа и тешко е дури и да се поверува дека може да следат буквално сè што се продава. Но, ова не значи дека може да ги остават овие групи да ја финансираат својата активност.

Acre Campaigns пронајде производи кои поддржуваат и фалат идеологија која промовира омраза и насилство. Симболи на Конфедерацијата, омраза против припадници на црната раса, нацистички и фашистички слики и слично.

Компанијата е издавач на музика и книги кои шират исламофобија, антисемитизам и хомофобија. Главна причина за ова е што поради хиперпродукција најверојатно никој не може да постигне и да провери голем дел од овие содржини.

Секако може да очекуваме дека од пропустите на Amazon и другите компании, сите екстремисти може да заработуваат. Ова секако не го ослободува Amazon кој има правила за користење кои потоа не може да ги спроведе.

По излегување на извештајот, компанијата започна да отстранува дел од пријавената содржина, јави BBC. За жал, компанијата не е проактивна, туку реагира предоцна и кога веќе мора.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии