Amazon претстави нова верзија на Echo Show која доаѓа со екран

Amazon е сериозен кога се обидува да им украде дел од бизнисот на Apple и Google. Компанијата не успеа ова да го направи со телефоните и таблет компјутерите, но се чини дека кога домашниот асистент е во прашање, приказната е поинаква. Amazon Echo е најчест домашен асистент во САД, а го користат над 70% од американците кои поседуваат дигитален асистент, јави Recode.

Компанијата сега смета дека е време за нова верзија. Echo Show ќе и овозможи на Alexa и визуелно да им ги презентира работите на корисниците. Со исклучок на екранот, новиот уред не отстапува премногу од претходниот цилиндричен звучник. Дизајнот можеби е малку подолг од претходникот, иако ова секако зависи од вкусот на корисникот.

Amazon Echo Show може да се користи и како видео телефон. Уредот овозможува и поврзување на корисниците преку „Drop“ функционалност. Ова овозможува повик без чекање некој да се јави од другата страна. Корисниците веднаш се поврзуваат доколку повиканиот ја активирал функционалноста, во спротивно не се активира видеото туку само гласот. Повиците можат да се прават и преку телефон.

Потребата од паметни асистенти ја наметнува се поголемото користење на интернет на нештата уреди. Секој четврти Американец поседува некој ваков уред. Најголем дел од корисниците поседуваат паметен звучник, по што следат термостатите, и паметните светилки. Паметните звучници како Amazon Echo и Google Home се нови, па моменталната доминација на Amazon не значи премногу.

Echo Show е достапен во претпродажба и чини 230 долари, а испораките започнуваат на 28 јуни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии