Се чини дека Amazon пронајде нов хардвер кој е пол погодок. По успехот на Kindle Paperwhite, и неуспехот на останатите таблети и паметни телефон, Echo е новата ѕвезда.
Компанијaта сега претстави нова верзија на Amazon Echo која главно се разликува по дизајнот. Новиот уред е понизок и пластиката сега е покриена со платно. Втората генерација на уредот доаѓа за 100 долари. Amazon овој пат на корисницие кои купуваат повеќе уреди им нуди поволности, односно секој трет Echo во кошничката е 50 долари поeвтин.
Една од новите функционалности на уредот е стрим на аудио на сите уреди истовремено. Дополнително компанијата ќе се обиде да ги натера и сопствениците на фиксни линии да ги заменат своте уреди со Echo. Сопствениците на уредите ќе можат бесплатно да го користат уредот за повици во САД, Канада и Мексико, вели Verge.
Amazon претстави и нов уред – Echo Connect, наменет за да го поврзе Echo со фиксната телефонија. Целта е преку Connect целосно да се заменат телефоните, а компанијата го презентира како уред преку кој може да е повикаат итните медицински служби.
Покрај ова, Amazon ги надгради и сите останати уреди кои се базираа на Echo. Нова верзија има и Echo Dot (сега Spot), кој ќе биде замена за будилник.