Amazon потроши 23 милијарди долари на истражување и развој

Amazon е компанијата која најмногу инвестира во истражување и развој. Компанијата во 2017 инвестирала 22.6 милијарди долари. Компаниите од техничкиот сектор заедно инвестирале 76 милијарди долари, јави Recode.

Најголем дел од финансиските средства се инвестирани во развој на AWS, Alexa и технологии за препознавање на предмети на слика и видео.

И иако можеби првото место на Amazon на оваа листа е изненадување, компаниите кои му „прават друштво“ на листата не се. Така на оваа листа се и Alphabet, Intel, Microsoft и Apple. Интересно е што на оваа листа првите 5 компании се од истиот сектор. Потоа следат: Johnson & Johnson, Merck, Ford , па Facebook и Pfizer.

Image courtesy of Recode

Анализата се однесува единствено на компаниите од САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии