Amazon полека станува платформа за се, сега планира и свој ТВ приемник

Amazon наскоро би можел да издаде сопствен ТВ приемник со кои корисниците ќе можат да гледаат интернет стрим на телевизорите, велат извори за Bloomberg. Корисниците кои ќе се одлучат за претплата ќе добијат и пристап до видео сервисот на Amazon. Приемникот се изработува во Lab126 кои веќе неколку години ја развиваат технологијата. Потегот ќе биде одличен и за нив, бидејќи ќе добијат одличен канал за пласирање на своите производи. Ќе треба да видиме како ќе се вклопат плановите на Lab126 со праксата на Amazon хардверот да се продава по минимална цена, а да се заработува од понудените услуги и содржини.

Amazon до неодамна беше најголемата светска продавница, a сега се претвара во комплетна платформа преку која може да се добијат веб услуги, електроника, телевизиски програми и многу повеќе. Затоа и ТВ приемникот на Amazon нема да отскокнува од досегашната пракса на компанијата која ги издаде е-читачите Kindle и таблет компјутерот Kindle Fire, најголемиот конкурент на iPad. Целта е да им ги достават своите услуги директно на корисниците, па тоа што го направија со електронските изданија на книгите сега можеби ќе се обидат да го направат со видео услугата.

Ваквиот потег на Amazon не е изненадување ниту за аналитичарите кои ја следат работата на компанијата, иако дел од нив се на мислење дека можеби компанијата треба да да се обиде да интегрира некој веќе препознатлив и докажан сервис наместо да почнува од нула. Што се однесува до конкуренцијата со другите ТВ сервиси како Netflix и Hulu, речиси сите се согласни дека Amazon има капитал за да ја добие војната со нив, и тоа со понуда на повеќе ексклузивни содржини и оригинални серии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии