Amazon подготви 14 пилоти кои ќе бидат серии само ако им се допаднат на корисниците

Amazon ќе ја прекине традицијата според која продуцентите решаваат која серија ќе продолжи по пилот епизодата, и ќе им понуди на корисниците тие да одлучат кои серии ќе бидат снимани. Команијата понуди 14 серии – 6 анимирани детски и 8 комедии за возрасни за кои гледачите ќе треба да го дадат своето мислење и да одлучат дали ќе бидат снимени или не. Избраните серии потоа ќе бидат прикажувани на Amazon Prime.

Детскиот оддел ќе претстави серии за дете научник, волшебни авантури во Оз и авантури на лисицата Фикс. За возрасните се подготвуваат сериите Zombieland, Dark Minions, Betas и најверојатно најпопуларното Alpha House во кое четири сенатори делат една куќа, a во главните улоги се Џон Гудман и Бил Мареј.

Amazon Prime има над 33 илјади серии и филмови кои може да се следат преку повеќе уреди. Amazon потпиша договори со NBC во надеж дека се приближи до конкурентните Nеtflix и Hulu, пишува BBC. Сепак овие договори се покажуваат како недоволни во борбата за превласт бидејќи конкурентите креираат оргинална содржина, на пример Netflix стои зад серијата House of Cards со Кевин Спејси. Секоја епизода од пофалената серија чини околу 4 милиони долари.

Оставање на изборот на сериите во рацете на гледачите е се чини вистинска насока во која би можела да се движи забавната индустрија, иако се разбира дека изборот за одредени серии кои побавно се развиваат мора да биде оставен во рацете на продуцентите, пред се бидејќи ќе биде тешко да се одреди забавноста, а и квалитетот на серијата од само една пилот епизода.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии