Американската агенција за заштита на авторски права објави дел од плановите на Amazon за испорака на продукти со помош на беспилотни летала. Патентот открива дел од деталите кои досега не беа познати како тоа дека беспилотните летала ќе можат да ги следат телефоните на купувачите со што би можеле да направат испорака директно до купувачот. Леталата ќе бидат во постојано меѓусебна комуникација, па можат да разменуваат податоци за тоа каква е временската состојба или сообраќајот. Купувачите можат да одберат каде да биде направена доставата: лично на рака, во домот, па дури и на брод!? Беспилотните летала ќе ја корегираат рутата во реално време и ги препраќаат овие податоци до „централата“.
Конечната верзија на системот сè уште не финална па до реализациајта би можеле да се променат уште многу работи. Најверојатно најголем проблем со кој се соочува Amazon, но и останатите компании кои се надеваат на испорака со беспилотни летала, е одлуката на регулаторите во САД за поригорозни закони за контрола на дроновите. Токму ригорозните закони се причина тестовите за испорака со беспилотни летала се прават во Канада каде законите се порелаксирани.







